Search

Јовески за МИА: Во определени случаи е тешко да се дојде до создавачот на прислушуваните разговори

– Обвинителството до отпочнување  со важност на новиот Закон за јавното обвинителство (30 јуни 2020) ќе работи по постојниот Закон и нема никакви ограничувања во делот на користењето на нови прислушувани разговори, доколку се разбира има такви, ниту во делот на другите докази кои се неопходни за водење на постапките, вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Според него, со нелегално прислушувани разговори се повредува приватноста и правната сигурност на граѓаните.

-Впрочем и затоа е предвидено кривично дело, бидејќи оној кој што има такви разговори прави кривично дело. Но се разбира во определени случаи е тешко да се дојде до создателот на овие прислушувани разговори. Обвинителството во повеќе наврати преземаше мерки во конкретни случи да се испита, да се обезбедат докази кој ги сочинил тие разговори, но за жал повторно велам дека навистина е тешко да се откријат сторителите на овие кривични дела, вели Јовески.

На прашањето кога очекува да се разреши случајот „Рекет”, обвинителот Јовески вели дека не може да предвиди точно кога ќе заврши овој предмет, со оглед на тоа дека раководењето со рочиштата во Судот се во надлежност на претседателот на Кривичниот совет кој постапува по овој предмет.

 -Како што е познато на јавноста случајот „Рекет” е веќе во судска постапка. Колку што сум информиран деновиве веќе се пристапува кон изведување на доказите предложени од страна на одбраната и јас не може да предвидам точно кога ќе заврши овој предмет, со оглед на тоа дека раководењето со рочиштата во Судот се во надлежност на претседателот на Кривичниот совет кој постапува по овој предмет, истакнува Јовески.

Државниот јавен обвинител не сакаше да ги коментирате нодамнешните протест за правда на власта и опозицијата.

-Не е добро јас да ги коментирам политичките дејствувања на партиите на власта или на опозицијата. Но во овој дел што ме прашувате дали ние тоа го сметаме како политички притисок, мислам дека не.  И можеби сите тие состојби нас не прават уште поцврсти во изградбата на едно ефикасно и неселективно обвинителство да бидеме на линија за владеење на правото и неселективен кривичен прогон, истакнува Јовески.

Во интервјуто кое МИА утре целосно ќе го објави, заедно со видео, државниот јавен обвинител говори и за имплементацијата на новиот Закон за јавно обвинителство, за недостигот на јавнообвинителскиот кадар… 

Треба да знаете
Последни објави