Search

Јовановски на трибината „Агенда 20-24: Во Преспа Центар за дијалог и развој на европските вредности

 На трибината Агенда 20-24, организирана од СДСМ, посветена на развојот на преспанскиот регион, новинарот Борјан Јовановски како преспанец по потекло ја презентираше идејата за изградба на Центар за дијалог и развој на европски ведности.

Целта на овој Центар е да ги собере младите луѓе од Северна Македонија, Албанија и Грција на едно место кадешто би се одржувале спортски натпревари, но и место кадешто експертите и невладините организации од трите земји ќе можат да одржуваат перманентни конференции за заштита на Преспанското Езеро и за европските вредности.
“Колку повеќе се шири идејата за изградба на овој Центар, толку повеќе луѓе се приклучуваат да придонесат за нејзина реализација. Преспа да биде место коешто ќе биде центарот на граѓанскиот активизам и на невладините организации”, рече Јовановски.
На трибината Јовановски покажа нацрт од идејното решение за изградба на Центарот коешто го подготвиле млади архитекти. Центарот е замислено да биде на Маркова нога над плажата “Дупени бич”. Центарот има главен централен објект каде ќе се одржуваат конференции, семинари, а ќе има ресторан со локална преспанска кујна, ќе има спортски игралишта.
“Треба да има градина како експериментална база за производство на органска храна, којашто потоа ќе се продава на пазарот”, рече Јовановски.
Во склоп на Центарот предвиден се куќички изградени во постмодерна архитектура, но со задржан локален изглед, со сместувачки капацитет од над 50 луѓе.
„Преспа е културолошки – духовен центар и тој може да прерасне во регионален, па и европски. На ова место се вкрстувале култури и овие луѓе оддолеале на сите можни провокации, затоа Преспа е симбол на мир. Во ново време тука може да се вкрстуваат идеите и бизнисите на трите држави. Преспанскиот регион може да биде центар на граѓански активизам и соработка. Во оваа нова политичка констелација, очекувам Преспа да заживее како посебен ентитет”, рече Јовановски.
Треба да знаете
Последни објави