Search

Јовановски: Граѓанските организации се партнер со државата, СДСМ ги отвори вратите за соработка и креирање на политики со граѓанскиот сектор

Во последните 2 ипол години како извршен директор на Хера сум сведок дека Владата предводена од СДСМ почна да гради партнерски однос со граѓанските организации. Денес, вратите на Владата се отворени за соработка и градење на политики кои се од интерес на граѓаните и граѓанките, истакна Бојан Јовановски, извршен директор на Хера.
Јовановски се осврна и на концептот за разбирање на родовата еднаквост.
Разбирањето на родот е различно и за тоа секој што креира или предлага политики за родова еднаквост треба да може да го разбере концептот за родова еднаквост и да пристапи со огромна внимателност, затоа сметам дека заеднички и мажи и жени треба да ги креираме политиките кои ги сузбиваат овие стереотипи и предрасуди, рече Јовановски.
Оваа влада покажа голема вклученост во креирање на реформи за сексуално и репродуктивно здравје. Контрацепцијата денес е  на позитивната листа на лекови, а тоа нешто што е за пофалба, тоа е доказ дека работите се менуваат, заклучи Јовановски.
Треба да знаете
Последни објави