Search

Јовановиќ во одбрана на Тевдовски: Мислев дека „метлата“ ќе ги фати оние кои местеа милионски тендери

Универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ, кој му беше советник на Драган Тевдовски во Министерството за финансии, застана во одбрана на поранешниот соработник чија министерска функција ќе ја презеде премиерот Зоран Заев. Јовановиќ оценува дека Тевдовски работел вредно и чесно. Според него, неговата смена е неправедна во ситуација кога „метлата“ не ги опфатила оние што работеа за личен интерес или пак ништо не работеа.

-Можеби има нешта кои не ги знам во целава работа, ама едно знам. Ако државава ги менува оние кои работат чесно и вредно, кои прават реформи, кои се жртвуваат за општото добро, никогаш нема да ја биде,напиша Јовановиќ.

 

https://www.facebook.com/brantscho/posts/10156379079767078

Треба да знаете
Последни објави