Search

Јованович: САД усвоија неморална надворешна политика

Поранешната американска амбасадорка во Украина Мари Јованович смета дека САД усвоиле „неморална” надворешна политика која, како што наведе, довербата ја менува со закани, страв и конфузија.

Во своето прво обраќање до јавноста откако пред две недели ја напушти дипломатската служба Јованович оцени дека управувањето со надворешната политика на администрацијата на претседателот Доналд Трамп ризикува да ги отуѓи сојузниците и да ги турне во рацете на други партнери, кои ги смета за подоверливи, пренесе „Гардијан”.

-Ние мораме да бидеме принципиелни, конзистентни и достојни за довербата, рече Јованович додека ја примаше наградата за дипломатија на Универзитетот Џорџтаун.

Таа предупреди дека „неморалната” надворешна политика во стилот „ пуштете ги нека се нагодуваат, која довербата ја заменува со закани, страв и конфузија, не може да функционира на подолги патеки”.

-Во некој момент, некогаш незамисливото ќе стане неминовно, па нашите сојузници, кои имаат исто толкаво право да делуваат во сопствен интерес како и ние, ќе побараат доверливи партнери, чии интереси можеби не се во согласност со нашите, порача Јованович.

Таа, исто така,  предупреди дека државната администрација е „во проблеми” , оценувајќи дека на нејзиното раководство му недостасува „политичка визија” и „морална јавност”.

Во мај минатата година Трамп ја тргна Јованович од функцијата амбасадорка на САД во Украина, во времето кога тој и неговите сојузници, како што наведува „Гардијан”, вршеле притисок врз украинската Влада да отвори истрага за политичките противници на Трамп во Украина, односно за синот на Џо Бајден, еден од кандидатите на демократите за претседателските избори во ноември во САД.

Јованович тогаш даде докази за кампањата за вршење притисок на сослушувањето за отповикувањето на Трамп во Конгресот на САД пред да се повлече од дипломатската служба.

Треба да знаете
Последни објави