Search

Јоаким Лев ја изненади јавноста: Лерој Сане не доби повик за СП 2018

Селекторот на германската репрезентација, Јоаким Лев, прилично ја изненади јавноста со списокот за Светското првенство во Русија, со тоа што повик не доби фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане.

 

Покрај еден од клучните играчи на Сити во освојувањето на титулата во англиската Премиер лига, Лев од поширокиот список ги исфрли и голманот на Баерн Леверкузен, Бернд Лено, неговиот соиграч Џонатан Тах, и напаѓачот на Фрајбург Нилс Петерсен.

Навистина е чудно зошто Сане кој имаше фантастична сезона во Сити не доби повик, но Лев наместо него се одлучи за Дракслер, Ројс, Јулијан Брант и Леон Горецка.

Ова е конечниот список на Јоаким Лев на играчи со кои репрезентацијата на Германија ќе се натпреварува на Светското првенство во Русија:

Голмани: Мануел Ноер, Тер Штеген и Кевин Трап.

Одбрана: Марвин Платенхарт, Јонас Хектор, Матијас Гинтер, Матс Хумелс, Николас Зуле, Антонио Ридигер, Џером Боатенг и Џошуа Кимих.

Средина: Сами Кедира, Себастијан Руди, Месут Озил, Тони Крос и Илкај Гундоган.

Напад: Дракслер, Ројс, Томас Милер, Горецка, Жулијан Брант, Тимо Вернер и Марио Гомез.

Германија на Мундијалот ќе се натпреварува во групата Ф заедно со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.

Светското првенство е на програмата од 14 јуни до 15 јули.

Треба да знаете
Последни објави