Search

Јермак: Зеленски сака прекин на конфликтот во Донбас

Украинскиот претседател Владимир Зеленски најискрено е посветен на прекинување на конфликтот во Донбас и прави се што може за да ја постигне таа цел, изјави денеска неговиот соработник Андреј Јермак.

„Верувам и сум цврсто убеден дека Зеленски има искрена желба да стави крај на војната и убеден сум дека во моментов нашата земја прави се што може за тоа да се оствари, прави се на сите нивоа, вклучувајќи ги и форматите на Нормандиската четворка и процесот од Минск, изјави Јермак за украинската телевизија 24ТВ.

Последниот состанок на Нормандиската четворка се одржа на 9 декември минатата година.

Треба да знаете
Последни објави