Search

Јенс Шпан: Ќе причекаме уште малку за прослави

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави денеска дека ситуацијата е се уште сериозна и невозможно е, веднаш по Велигден, целосно враќање во нормалниот живот.

– Нема веднаш да биде се како претходно, порача Шпан по состанокот на покраинската влада во Штутгарт.

Тој истакна дека, поради тоа, е погрешно користењето на поимот „егзит”, бидејќи сугерира дека веднаш ќе биде се како пред кризата.

– Кога ќе биде можно, тогаш постепено ќе му се вратиме на претходното секојдневие, нагласи германскиот министер.

Според него, последното што ќе биде овозможено се забавите и народните прослави, бидејќи таквите манифестации претставуваат посебно голем ризик.

Треба да знаете
Последни објави