Search

Ја тепал поранешната девојка, ѝ го украл мобилниот и ѝ ги дупнал гумите

На 23.10.2019 во 03.25 часот во СВР Скопје, В.М. (21) од Скопје пријавила дека пред продажен објект на улица Мајка Тереза била физички нападната од З.П. (21) од Скопје, со кого порано била во љубовна врска.

З.П. ја оштетил гумата од возилото „шкода“, со скопски регистарски ознаки, со кое управувала пријавителката и ѝ го одзел мобилниот телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави