Search

Ја симна Жизел од тронот, Кендал Џенер е најплатената манекенка во светот

Според најновата листа на магазинот „Форбс“, Кендал Џенер е најплатена манекенка во светот. 23-годишната манекенка убедливо ја победи конкуренцијата со заработка од 22,5 милиони долари. На второ место е Карли Клос со заработка од 13 милиони долари оваа година.

Кендал оваа година беше дел од ревиите на најпрестижните модни брендови како што се Барбери, Версаче, Фенди, Викторијас Сикрет… Таа е бренд амбасадорка на модните куќи Естер Лаудер, Адидас и Келвин Клајн.

Во периодот меѓу 2016 и 2017 година, Кендал  заработила 22 милиони долари.

На трето место е Криси Тајген со заработка од 11,5 милиони долари, потоа Роси Ханингтон Вајтли со 11, 5 милиони долари, а на 5. место е Кара Делевињ со заработка од 10 милиони долари.

Жизел Бундшен, која со години го заземаше првото место на листата најплатени манекенки во светот, сега е 6. место со заработка од 10 милиони долари, сестрите Џиџи и Бела Хадид се на 7. и 8. место со 9,5 односно 8,5 милиони долари заработка, на 9. место е Џоан Смолс (8,5 милиони), а на 10. место е Доцен Крос со 8 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави