Search

Ја менуваат советничката за национална безбедност поради Меланија: Поради судир со првата дама ќе биде избркана од Белата куќа

Првата дама на САД, Меланија Трамп, побарала Белата куќа да ја прекине соработката со заменик советникот за национална безбедност Мира Рикардел, изјавила портпаролката на канцеларијата на првата дама, Стефани Гришам.

Инаку, Рикардел, родена како Радиеловиќ, по потекло од Хрватска, за заменик американски советник за национална безбедност на Џон Болтон била именувана на почетокот на оваа година.

“Ставот во канцеларијата на првата дама е дека таа повеќе не ја заслужува честа да служи во Белата куќа”, рекла Гришам.

 

 

 

 

 

 

 

 

Таа на тој начин одговорила на наводите дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да ја смени Рикардел, по нејзиниот судир со Меланија Трамп.

Од 1989. година до 1996. година Рикардел била помошник на лидерот на републиканците во Сенатот на САД, Боб Дол, а поради хрватското потекло ја обвинувале дека се обидува да влијае на Дол да заземе антисрпски став.

Како што се наведува , Рикардел на почетокот на војната во Хрватска и БиХ се истакнала како една од главните лобистки за хрватските интереси во Вашингтон.

Треба да знаете
Последни објави