Search

Ја видел на реклама и рекол – ова е жената за мене! Утре патувам да ја запознаам: Неверојатната љубовна приказна на холивудскиот актер која трае 48 години

Двократниот Оскаровец ужива во еден од најдолговечните бракови во Холивуд.

Британскиот актер Морис Џозеф Миклвајт, познат под уметничкото име Мајкл Кејн (88) е во складен брак 48 години со 14 години помладата Шакира Кејн.

Нивната љубовна приказна започнала како на филм.

Имено, Оскаровецот во 1971 година сегашната сопруга ја здогледал во реклама за кафе. Тоа било доволно да се заљуби на прв поглед.

„Седев дома со пријателите, гледавме телевизија кога беше прикажана рекламата за кафе од Бразил. Ја видов девојката која беше во рекламата и им реков на пријателите: „Ова е жена за мене, утре патувам во Бразил да ја пронајдам““, своевремено открил актерот.

Тој полудел по неа, а уште ја немал запознато. Тој во Бразил сретнал некој свој приајтел, па му рекол да појде со него, а кога му објаснил сè, ја сфатиле неверојатната случајност.

„Ми кажа дека работи за таа фирма. Го прашав дали може да ми помогне да ја пронајдам, а тој ми рече: „Таа не е Бразилка, Индијка е, но живее на неколку улици оттука“. Пораката е: Бидете подготвени да ви се случуваат неверојатни работи“, раскажал Кејн.

Тие се венчале во 1973 година, а се горди родители на Наташа (48).

Актерот открил и дека во младоста се борел со алкохолизмот, а дека токму Шакира го вратила на вистинскиот пат:

„Без неа би бил мртов. Би се удавил во алкохолот, а смртта би била неизбежна. Во младоста не се грижев за себе. Пиев по литар вотка дневно и пушев по неколку кутии цигари. Не бев несреќен, тоа го правев поради стресот. Сите тие прашања: Дали да ја прифатам новата улога? Како да ја одиграм? Како ќе го запаметам целиот текст? Тие прашања ме излудуваа и ми предизвикуваа стрес. Кога ја запознав Шакира, таа едноставно ме смири“.

„Таа ми е десна рака, неа ѝ се исповедувам и не постои настан и мисла која не ја споделив со неа. Ја запознав кога веќе бев познат, но сигурно не би стигнал тука каде што сум да не беше таа. Никогаш не ми кажала: Мораш да престанеш да пиеш. Но, откако ја запознав, посакав да останам трезен“, заклучил актерот.

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави