Search

„Јаху“ имаше дефект повеќе од пет часа

„Јаху“ претрпе голем дефект утрово, спречувајќи ги корисниците да пристапат на веб-страницата или неговата популарна услуга „Јаху мејл“ повеќе од пет часа.

Проблемите започнале околу 7,30 часот наутро, со илјадници корисници кои не можеле да пристапат до тој прелистувач или неговата е-пошта.

„Јаху“ го потврди дефектот, наведувајќи дека работи на санирање на проблемите, кои подоцна беа решени, пренесува британски „Eкспрес“.

Компанијата претходно напиша на својата страница за поддршка на Твитер: „Можеби нема да можете да пристапите до некои наши услуги, вклучувајќи е-пошта. Наш главен приоритет во моментов е решавање на овој проблем. Ви благодариме за трпението“.

Треба да знаете
Последни објави