Search

„Јас сум најсреќната жена во светот“ – Ричард Гир е сопругот што би го посакала секоја жена

Ричард и Алехандра се запознале во 2014-та, кога актерот престојувал во хотел на семејството на Алехандра.

Уште веднаш ја почувствувале привлечноста меѓу нив и од првата вечер биле неразделни.

Во периодот кога ја почнаа врската, и двајцата минуваа низ развод, а ова сигурно им предизвикувало многу тешкотии. Но, денес Алехандра, како што вели самата, е најсреќната жена на светот, и тоа благодарение на познатиот актер.
Тие се венчаа во 2018-та, иако на почетокот врската им била комплицирана, набрзо станало очигледно дека се создадени еден за друг.

jas-sum-najsrekjnata-zhena-vo-svetot-ljubvnata-prikazna-na-richard-gir-i-soprugata-alehandra-03.jpg

Алехандра тврди дека е најсреќната жена во светот, а Ричард ја терал да мисли дека живее во бајка.

Имено, актерот секој ден ѝ пишувал песни, а секое утро ја прашувал што ја прави среќна.

jas-sum-najsrekjnata-zhena-vo-svetot-ljubvnata-prikazna-na-richard-gir-i-soprugata-alehandra-04.jpg

Возрасната разлика помеѓу Ричард и Алехандра е цели 33 години, но очигледно, ова не претставува никаков проблем.

Алехандра вели дека нејзиниот сопруг е најскромниот, најчувствителниот, највнимателниот, најдарежливиот и најсмешниот маж што го запознала. За неа, овој брак бил како најубавиот романтичен сон од кој не сака да се разбуди.

jas-sum-najsrekjnata-zhena-vo-svetot-ljubvnata-prikazna-na-richard-gir-i-soprugata-alehandra-05.jpg

Актерот вели дека Алехандра е како ангел и дека дефинитивно нема да најде личност која е подобра од неа.

Треба да знаете
Последни објави