Search

Јасно е дека Катица Јанева е далеку од човек на СДСМ, Заев прв го пријавил рекетот

Јасно е дека Катица Јанева е далеку од човек на СДСМ, Заев прв го пријавил рекетот

Изјавата на Вилма Русковска дека премиерот Зоран Заев прв го пријавил „РЕКЕТОТ“ врз поранешниот бизнисмен Орце Камчев кај неа и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески дава сосема поинакво светло на случајот во кој поради криминал и корупција неодамна беа уапсени Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец. Тие двајцата според шпекулациите бидејќи доказната постапка е сеуште во тек, оперирале по налог на Катица Јанева првата Специјална обвинителка која случајно или намерно два часа пред да биде уапсен алијас Боки 13 си даде неотповиклива оставка пренесува ипортал.мк.

Со ова сознание кое го сподели денеска Русковска се потврдува дека Катица Јанева е далеку од шпекулациите„ човек на СДСМ“  кој посредува за актуелната власт. Напротив, оваа изјава потврдува дека законите важат онака како што зборуваше премиерот Заев „оној кој се огрешил пред правдата ќе одговара“. Во случајов ќе одговараше и тој доколку знаел но не го пријавил случајот што по автоматизам го прави соучесник.  Но тоа е друга приказна, да се навратиме. Премиерот  Заев лично пријавил дека бизнисмени му се пожалиле од уценувачи со што бил спремен да поднесе и кривична пријава на записник, но добил одговор од Русковка и Јовевски дека пријавата мора да ја поднесе „рекетираниот“ бизнисмен. Работата како што е ред ја оставил на надлежните органи без да се меша во судската власт како праксата која ја имаше неговиот предходник.

Да се навратиме пак малку поодамна. Во март годинава поради пукната цефка од парно греење во сутеренски простори на СЈО беа уништени доказните материјали за случаите„Триста“ „Шпион“ и „Империја“, случај во кој меѓу осомничените за перење пари е и „рекетираниот“ бизнисмен Орце Камчев. Камчев предходно беше во притвор за овој случај но со одлука на Врховен во декември 2018 беше ослободен. По однос уништените доказни материјали, од СЈО изјавија дека доказните материјали за „Империја“ се сочувани бидејќи биле скенирани, а доколку се утврдело дека има документи кои не биле ставени во електронска форма, ќе се барало нивно обновување. По ова оттогаш не чувме ништо.

Оваа случка во кој е вмешана поранешната но сеуште актуелна Специјална обвинителка Катица Јанева можеби и ја нарушува довербата кај граѓаните за СЈО, но од друга страна пак е доказ дека правда сепак има. Ова е доказ дека за прв пат по повеќе од една деценија извршната е независна од судската власт. И да, понекогаш перцепцијата е погрешна, но десет годишните погрешни раководења и партиски инсталации по институциите сигурно неможе да се решат за две или три години. СДСМ на чело со Зоран Заев докажа дека се залага за правна држава со судска како независна власт, европски просперитет и рушење на бариерите дека сме изолирана држава.

Треба да знаете
Последни објави