Search

Јармоленко: Сите сакаме Русија да биде казнета што е можно построго

Капитенот на украинската фудбалска репрезентација, Андриј Јармоленко побара Русија да биде целосно изолирана од интернационалната спортска заедница поради војната во неговата татковина.

32-годишниот поранешен фудбалер на Вест хем, кој сегра игра во Ал-Аин во Обединетите Арапски Емирати, го изјави ова по веста дека Русија ќе биде исклучена од квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

„Рускиот фудбал, целиот руски спорт, целата земја, треба да биде изолирана од остатокот од светот. Сите наши фудбалери сакаат Русија да биде казнета што е можно построго. Треба да ги изолираме од целиот свет. Ќе бидам среќен ако се исклучени од сите натпреварувања, не само од фудбалот“, вели Јармоленко.

Треба да знаете
Последни објави