Search

Јаревски: Дали Богоев ќе го поддржи Заев во намерата за отстранување на спомен плоча на „Кузман Јосифовски Питу“, на која стои дека загина од куршум на бугарската фашистичка полиција?

Самото име на Општина Карпош е синоним за отпорот на македонскиот народ и борбата против фашизмот.

Денес од пред спомен обележјето на „Кузман Јосифовски Питу“ би сакале да упатиме барање за неколку кратки и јасни одговори од единствениот наш политички противник СДСМ и градоначалникот Стефан Богоев.

Имајќи го во предвид интервјуто на лидерот на СДСМ за бугарскиот медиум бараме Стефан Богоев како функционер од највисоката раководна структура на СДСМ да се изјасни дали недвосмислено го поддржува Зоран Заев во неговите заложби за газење врз македонското достоинство, јазик, култура и идентитет?

Дали Стефан Богоев ќе го поддржи или спречи СДСМ и Зоран Заев во намерата за отстранување на оваа спомен плоча на „Кузман Јосифовски Питу“, на која стои дека загина од куршум на бугарската фашистичка полиција?

Дали Стефан Богоев заедно со Заев и Шилегов следната година ќе го одбележат денот кога „бугарската војска го ослободи“ Скопје?

СДСМ не добија мандат за да газат врз македонското достоинство ниту на централно, ниту на локално ниво.

Граѓаните на Карпош и Скопје имаат право да го слушнат вашиот став и одговор.

 

 

Треба да знаете
Последни објави