Search

Јапонското кралско семејство го заменува ролс-ројс со помалку познат, но уште поексклузивен автомобил

Јапонскиот император Нарухито ќе пристигне во голем стил на неговата церемонија на крунисување благодарение на „Тојота“.

Компанијата му подготви уникатна верзија на лимузината Century во кабриолет верзија што ќе служи како кралски параден автомобил.

Вакви автомобили се користат многу ретко и само во многу важни национални свечености.

Претходниот автомобил на кралската парада беше „ролс ројс корниче III“ од 1990 година, кој беше користен само двапати.

„Обичниот“ Century  сам по себе е импресивна машина која чини повеќе од целосно опремен „лексус ЛС седан“.

Сепак, главната разлика е во тоа што Century е длабоко вкоренет во традицијата и историјата на Јапонија – што е повеќе од соодветно за кралското семејство на Јапонија.

Треба да знаете
Последни објави