Search

Јапонски суперкомпјутер докажа дека влажноста може да влијае врз (не)ширењето на Ковид-19

Јапонски суперкомпјутер покажа дека влажноста може да има значително влијание врз ширењето на вирусните честички, што укажува на зголемен ризик од зараза со коронавирусот во суви затворени услови во текот на зимските месеци.

Откритието сугерира дека употребата на навлажнувачи може да помогне во намалување на заразите во време кога не е можно нормално проветрување со отворање прозорци.

Истражувачите од институтот Рикен и универзитетот Кобе го користеле суперкомпјутерот Фугаку за да ги моделираат емисиите и протокот на честички слични на вируси, ослободени од заразени лица во различни средини во затворен простор.

Симулациите покажале дека влажноста под 30 проценти резултира со повеќе од двојно поголема количина на аеросолни честички во споредба со влажност од 60 проценти.

Јапонските истражувачи откриле и дека проѕирните визири за лице не се толку ефикасни во спречување на ширење на аеросолите, како што се заштитните маски.

Други податоци покажуваат дека за време на оброците, луѓето имаат поголем ризик да се заразат од оние што седат до нив, и дека бројот на пејачи во хорови треба да биде ограничен, а изведувачите треба да држат одредено растојание едни од други.

Истражувачки тим од институтот Рикен, предводен од Макото Цубокора, претходно го користеше суперкомпјутерот Фугаку за да симулира пренесување на зараза во возовите, работните средини и училниците. Експертите при тоа откриле дека, на пример, отворањето прозорци во возовите може да ја зголеми вентилацијата за два до три пати и со тоа да ја намали концентрацијата на вирусни честички.

Треба да знаете
Последни објави