Search

Јапонските сили за самоодбрана изгубиле контакт со борбен авион Ф-2

Јапонските сили за самоодбрана утринава загубиле контакт со еден од своте борбени авиони Ф-2 на крајбрежјето од префектурата Јамагучи, објавија локалните медиуми цитирани од „Спутник“.

Контактот бил изгубен кога авионот изведувал тренинг-лет од воениот аеродром „Цуики“ во префектурата Фукуока.

Во исчезнатиот авион, наводно, имало двајца пилоти. Според јапонскиот министер за одбрана, Такеши Ивеја, и двајцата офицери се живи.

„Во врска со двата члена на екипажот на Ф-2 кој исчезнаа од радарите, се покажа дека тие се живи”, рече министерот, обраќајќи се пред парламентот на земјата.

Сепак, Ивеа не обелодени други детали за инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави