Search

Јапонскиот премиер не негира дека го номинирал Трамп за Нобеловата награда за мир

Jапонскиот премиер, Шинзо Абе, одби да ги негира извештаите дека го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир откако Белата куќа неформално‘ го побарала тоа од него, што поттикна исмевање на интернет, пренесува РТ.

Весникот Асахи во неделата објави дека администрацијата на Трамп го замолила Абе да го номинира Трамп за неговата улога во овозможување на разговорите и намалување на тензиите со Северна Кореја.

„Не велам дека тоа не е факт”, рече Абе во понеделникот, одбивајќи целосно да го потврди или негира извештајот.

Тој рече дека сака да се воздржи од коментирање повикувајќи се на фактот дека Нобеловиот комитет не ги открива номинатори 50 години.

Меѓутоа, тоа не го спречи Трамп да се разбрбори пред новинарите во Белата куќа во петокот, откривајќи дека Абе му ја дал „најубавата копија” од писмото што го испратил до луѓето што годаваат она нешто што се вика Нобелова награда”.

На истата прес-конференција, Трамп тврдеше дека поранешниот претседател Барак Обама му рекол оти размислува да започне голема војна со Северна Кореја и се пожали дека Обама ја добил престижната награда откако бил на власт околу 15 секунди” и дека не направил ништо за да ја заслужи.

Тој, исто така, рече дека иако ја заслужува наградата, веројатно никогаш нема да ја добие.

Сепак, американскиот претседател не спомна дека неговата администрација, очигледно, побарала номинација од Абе. Според Асахи, Белата куќа се обидувала да ја добие номинацијата по самитот на Трамп минатото лето со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун во Сингапур.

Оттогаш се појави и веста можеби немало потреба Абе да го номинира Трамп бидејќи тој веќе бил номиниран од двајца норвешки законодавци за позитивните случувања на Корејскиот Полуостров”.

Треба да знаете
Последни објави