Search

Јапонската армија со упатства во случај на средба со НЛО

Јапонското Министерство за одбрана и силите за самоодбрана добија упатства во случај на средба со неидентификувани летечки објекти (НЛО), кои, меѓу другото, посочуваат да се соберат што повеќе информации за објектот.

Како што објави телевизијата НХК денеска, релевантните упатства се одобрени од министерот за одбрана Таро Коно и испратени до војниците во писмена форма.

Во инструкциите има барање пилотите што побрзо да ја известат командата за појавата на неидентификуван летечки објект или беспилотно летало. Покрај тоа, документот ги утврдува барањата за анализа на добиените податоци и проценка на можна закана за безбедноста на Јапонија. Пилотите исто така мора да фотографираат или да прават видео снимки на објектот.

Во април, Коно нареди подготовка на упатства за Силите за самоодбрана во случај на средба со НЛО. Во исто време, министерот појасни дека не верува во нивното постоење. 

Треба да знаете
Последни објави