Search

Јапонија ќе ги евакуира постарите лица и хронично болните од крузерот

Јапонските власти планираат да ги евакуираат постарите патници и лицата со хронични заболувања од бродот „Дајмонд принцез“, за кој е воведен карантин поради коронавирусот, затоа што тие се повеќе подложни на инфекции.

Во текот на ноќта, меѓу патниците се откриени уште 65 случаи на вирусот, со што бројот на заболени порасна на 161.

Засега е непознато колку лица ќе бидат евакуирани, пренесе јапонската агенција „Кјодо“.

Досега сите патници на бродот на кои им е дијагностициран вирус се пренесени во болниците во јапонската област Канагава.

Како што се наведува, патниците на бродот се под стрес поради продолжената изолација.

Околу 3.600 патници од 50 земји и членови на екипажот ќе бидат ставени во карантин до 19 февруари од превентивни причини.

На бродот околу 80 проценти од патниците имаат над 60 години, вклучувајќи и 215 лица на возраст од 80 години и повеќе, а 11 лица околу 90 и постари.

Треба да знаете
Последни објави