Search

Јапонија: Пјонгјанг ја крши резолуцијата на Советот за безбедност

Јапонската влада соопшти дека Северна Кореја лансирала две балистички ракети и нагласи дека со тоа Пјонгјанг ја крши резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации.

Јапонскиот министер за одбрана, Такеши Иваја го критикуваше новото лансирање како кршење на резолуцијата со која на Пјонгјанг му е забрането тестирањето на овие проектили.

Токио и претходно упати протестна нота поради тестирањето на балистичките ракети кои ги спроведува Северна Кореја.

Треба да знаете
Последни објави