Search

Јапонија нема информации дека Иран е одговорен за нападот во Саудиска Арабија

Јапонија нема информации дека Иран е вмешан во нападите на нафтените постројки во Саудиска Арабија, изјави министерот за одбрана Таро Коно.

Тој изрази уверување дека нападот го извршиле јеменските Хути, кои и презедоа одговорност.

Нафтените постројки на Сауди Арамко беа нападнати во саботата со дронови и крстосувачки ракети, со што беше намалено производството на нафта за 5,7 барели дневно, што е околу пет отсто од светското производство на нафта.

Одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници Хути, кои ги поддржува Иран, но САД тврдат дека нападот бил извршен од Иран.

Треба да знаете
Последни објави