Search

Јапонија нема да го одобри „авиган“ за лекување на ковид-19 до крајот на мај

Јапонската влада го повлече одобрувањето на лекот „авиган“ на компанијата „Фуџифилм холдингс“ за лекување на Ковид-19 до крајот на мај, објави агенцијата „Кјодо њуз“.

Премиерот Шинзо Абе рече овој месец дека се надева дека лекот, доколку се потврди неговата ефикасност и безбедност, ќе биде одобрен во текот на мај.

Обраќајќи се на парламентарната комисија за буџет, тој откри дека се работи на вакцини во повеќе институции, вклучувајќи ги и Универзитетот во Токио, Универзитетот во Осака и Националниот институт за заразни болести.

Треба да знаете
Последни објави