Search

Јапонија наредните пет години за одбраната ќе издвои меѓу 295 и 333 милијарди долари

 Јапонија ќе издвои помеѓу 40 и 45 трилиони јени (295-333 милијарди долари) за трошоци за одбрана за наредните пет години, почнувајќи од април следната година, јавија западни медиуми цитирајќи владини извори.

Тоа претставува големо зголемување во однос на актуелниот петгодишен одбранбен план, што предвидуваше 27,5 трилиони јени (202 милијарди долари) трошоци за одбраната.

Премиерот Фумио Кишида претходно оваа седмица побара од министрите во неговиот кабинет да подготват план за зголемување на воените трошоци од сегашните еден на два проценти од Бруто домашниот производ во рок од пет години, како мерка за справување со растечките закани од Северна Кореја и Кина.

Треба да знаете
Последни објави