Search

Јапонија „загрижена” заради руско-кинеските авиопатроли во близина на нејзината територија

Јапонија ги извести Кина и Русија дека е „сериозно загрижена” од зголемената активност на нивните воздушни сили во близина на нејзината територија, рече главниот секретар на јапонската влада, Хироказу Мацуно.

„Внимателно и со загриженост ќе ја следиме зголемената соработка меѓу двете земји”, рече Мацуно на редовната прес-конференција, нагласувајќи дека Јапонија „одлучно ќе ги брани” своите територии.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека руски и кинески авиони бомбардери извршиле заеднички патроли над Јапонското и Источнокинеското Море.

Треба да знаете
Последни објави