Search

Јапонија го распушти Парламентот, се подготвува за избори

Јапонија го распушти денеска Парламентот, подготвувајќи се за избори кон крајот на овој месец, кои ќе го соочат новиот премиер Фуми Кишида со непопуларната опозиција во борба за тоа кој може да ја подобри економијата погодена од пандемијата на Ковид-19.

Кишида има јавна поддршка 11 дена по преземањето на премиерската функција, покажуваат анкетите, што зборува за неговата цел да го задржи мнозинството во Долниот дом за неговата Либерално демократска партија (ЛДП) и нејзиниот коалициски партнер Комеито.

Гласачите сакаат влада која има планови за одлучни мерки за ставање крај на пандемијата и обнова на економијата. Неодамнешното истражување на весникот Санкеи покажа дека околу 48 проценти од испитаниците велат дека сакаат администрацијата на Кишида најмногу да работи во борба против пандемијата, проследено со економско закрепнување и вработување.

Партијата на Кишида ги промовира неговите напори да воведе мерки против Ковид-19, вклучително и испорака на орални антивирусни лекови оваа година, како и неговата визија за постигнување на „нов капитализам” што се фокусира на економски раст и прераспределба на богатството.

Владејачката партија, исто така, повика на итно зголемување на трошоците за одбрана со цел да се стекне способност за уништување балистички ракети, поради се поагресивниот став на Кина кон Тајван.

Главната опозициска партија Уставни демократи (ЦДПЈ), предводена од Јукио Едано, ги нагласи проблемите, како што се неговата поддршка за истополови бракови и различни презимиња за двојките.

Најголем предизвик за Уставните демократи е нивната ниска поддршка. Неодамнешната анкета на весникот Асахи Шимбун покажа дека само 13 проценти од граѓаните планираат да гласаат за нив, далеку зад 47 проценти за ЛДП.

Едано истакна дека доколку неговата партија ја освои власта, ќе работи на распределба на богатството за да го поттикне растот.

Треба да знаете
Последни објави