Search

Јапонец уапсен зашто го оставил својот кремиран татко во јавен тоалет

Еден човек е уапсен во Јапонија откако, наводно – намерно ги оставил кремираните останки на неговиот татко во тоалетот на една метро станица.

Кога таткото на Хироаки Хишиџима починал лани во септември, градските власти во Токио го кремирале неговото тело. Хишиџима отишол да ги земе останките на татко си во ноември заради погреб, но се исплашил дека неговата мајка ќе се налути ако ја однесе пепелта на таткото дома, па го оставил во тоалетот на метро станицата.

Според јапонските закони, оставањето посмртни останки на јавно место, освен ако не се работи за гробишта, се казнува со парична казна или до три години затвор.

Јапонците сè почесто се соочуваат со проблеми околу тоа – што да се прави со останките од некој близок или роднина. Населението се зголемува, па со тоа расте и стапката на смртни случаи. Тоа пак, резултира со поголеми цени на гробните места.

Треба да знаете
Последни објави