Search

Јанчев го откажа протестот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Кавадарци и експотпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев го пишмани Комисијата за заразни болести и го откажа одржувањето на најавениот протест за во понеделник. Протестот требаше да се одржи пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ за актуелниот лидер на партијата Христијан Мицкоски да поднесе оставка.

Тој за весникот ВЕЧЕР вели дека ваква одлука е донесена утрово, по консултации со Министерството за здравство и со Комисијата за заразни болести.- Оценето е , вели Јанчев дека во ова време на пандемија, голема е опасноста од вакви собири, а за истиот што беше планиран за во понеделник веќе имаше интерес од над 3000 луѓе.Затоа решивме, протестот да го одржиме на еден поинаков начин и притоа да ја пратиме пораката, а да ги запазиме здравствените протоколи. Пораката на Мицкоски ќе ја пратиме преку прес конференции на општинските комитети, со кои започнуваме од денеска, па во наредните денови, вели Јанчев.

Тој истакнал дека одлуката не значи дека се повлекува од намерата, напротив, тој порачува дека Мицкоски мора да ја остави партијата да работи и да престане да му овозможува на Зоран Заев и на СДСМ да работат против интересите на државата.

Треба да знаете
Последни објави