Search

Јанушев: 640 милиони евра за субвенции, 80 милиони евра за наводнување и 50 % финансирање на набавка на нови грла добиток

Македонија е земја со силен земјоделски потенцијал. Со години земјоделието е потценето, а земјоделецот е оставен на раб на егзистенција. Земјоделскиот потенцијал на Македонија мора да биде искористен, тоа е сектор од во кој многу наши сограѓани може да најдат работат или отворат свој бизнис. Се обврзуваме на обнова на земјоделието,  и воведување светски пракси.

Во таа насока планираме 640 милиони евра само за субвенции. Дополнителни 80 милиони евра за изградба на нови системи за наводнување, како и 50% финансирање за набавка на нови грла овци и друг вид добиток од традиционалните сточарски гранки.

Нема да дозволиме земјоделците да плачат и да се мислат како да го прехранат семејството затоа што родот им го уништиле временските непогоди.

Во таа насока се обврзуваме на покривање на 70% од осигурувањето на нивните посеви и насади.

Сточарите ќе ги помогнеме и со намалување на ДДВ за ветеринарните услуги.

Ќе го вратиме достоинството на земјоделецот.

Исправи се Македонијо!

Одбери обнова

https://www.facebook.com/i.janusev/videos/313048209851875/

Треба да знаете
Последни објави