Search

Јанушев од Кратово: По победата на 15-јули секој политичар ќе треба да докаже како го стекнал својот имот, па и Заев кој јавно на медиум кажа дека тежи повеќе милиони евра

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 3 Игор Јанушев ги повика кратовчани масовно да излезат со референдумска излезност и со пенкало во рака на 15-ти јули да ги поразат СДСМ и Заев и тоа “можеме” никогаш повеќе да не се чуе.

„ Деновиве сме сведоци на огромен поткуп. Афери со лични карти, а знаете и дека овде во Кратово нудат пакети со цел да влијаат врз вашиот глас. Но, не ги одбивајте, земете ги пакетите тие се ваши народни пари. И потоа, на 15-ти јули излезете и позади параванот заокружете број 14, порача Јанушев. Го гледам Љупчо Николовски како излегува последниве денови и вели како ВМРО-ДПМНЕ нема програма, нема мерки и проекти. А притоа бега, се крие и не сака да излезе да се соочиме. Еве денеска го побарав и во Крива Паланка во оној шатор што го поставил, па не беше ни таму, ама јас му оставив една од нашите програми да види да прочита што нудиме ние од ВМРО-ДПМНЕ. Да види дека нудиме високо крената глава, исправена кичма и враќање на македонското национално достоинство, рече Јанушев.

СДСМ не сака да се донесе законот за потекло на имотот на политичарите. Но, ВМРО-ДПМНЕ ветува дека една од првите работи, по формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде донесување на еден токму таков закон, порача Јанушев пред кратовчани.

„ Да видиме дали Заев навистина има 70 илјади евра колку што пријавил, дали се 8 и пол милиони евра како што го слушнавме дека кажува или можеби се многу повеќе. Тоа го имаме во програмата и секој еден ќе треба да докаже како го стекнал својот имот, рече Јанушев.

„ Тоа што го понижија, омаловажија македонскиот народ тоа не е важно, ама важно е тоа што сега тие биле навредени дека народот одлучил да ги нарекува северџани. Но, за нив не зборам повеќе, рече Јанушев, бидејќи тие се испеана песна, заврши Јанушев.

Треба да знаете
Последни објави