Search

Јанушев: Обвинителството е во директна спрега со власта, личниот адвокатот на Заев му дава насоки на Јовевски

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во своето гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија упати жестоки критики на адреса на Јавното обвинителство со кое раководи Љубомир Јовевски, за кое обвини дека е под целосна контрола на Зоран Заев.

-Ако треба да зборувам во емисијава за тоа што и фали на Русковска или на моменталново обвинителство мислам дека за џабе ќе губиме време. Бидејќи апсолутно сите знаат што им фали, во директна спрега се со власта. Личниот адвокат на Зоран Заев дава насоки на обвинителството како да се постапува. Пред секое изрекување на судска одлука, пред секое поведување на обвинение Заев излегува неколку дена пред тоа и го соопштува тоа во јавноста. И вие ме прашувате што им фали? Мал милион случаи ниту еден не е отворен и не се води постапка. Значи 6 месеци водеа постапка за „Рекет“ и притоа не востановија во таа истрага за исплатите во аферата „Кеш“. И за која истрага зборуваме? Отворија истрага од кога излеговме јавно, вели Јанушев.

Јанушев, односно ВМРО-ДПМНЕ има и конкретен предлог како да се реши овој горлив проблем на македонското општество. Според опозицијата клучно е обвинителот да одговара за своите постапки и власта да да се откаже од контролата која ја има врз обвинителството.

-Доколку обинителот одговара за тоа што го прави, за дејствијата кои што ги превзема од буџетот на самото обвинителство ќе почне да се става ред. Доколку ги тргне извршната власт рацете обвинителството ќе почне таму да се става ред. Ако сите таму си ја работат својата работа ќе се стави ред. Систем на мерки и измени и еве ви ги кажувам кои се, додаде Јанушев.

Треба да знаете
Последни објави