Search

Јанушев: Ние Груевски ниту сме го избркале, ниту планираме да враќаме некого

Најавивме три крупни инвестиции кои ќе ги обелодениме веднаш после победата. Приватните компании, особено големите чиишто акции котираат на берза, нивното објавување пред да се „стави на хартија“ може да донесе до извесни поместувања. И она што џентлменски сме го договориле нормално е да го испочитуваме, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Јанушев додава дека за секој за кој ќе биде докажано дека на нечесен, криминален начин се стекнал со капитал и имот ќе се соочи со законот, односно на суд ќе треба да докаже од каде му е сопственоста на она што го има.
Со ветингот ќе бидат опфатени сите и од времето на Љупчо и Бранко. Ветингот нема да ги прескокне и судиите со што ќе се докаже и како биле донесувани досегашните пресуди, вели генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ.
– Ние Груевски ниту сме го избркале, ниту планираме да враќаме некого. Слободна држава сме, треба да се почитува законот и секој што правел криминал треба да одговара, мислам дека вистинското прашање е што се случи со одговорноста за заминувањето, изјави Јанушев.

Треба да знаете
Последни објави