Search

Јанушев: Набавка на хеликоптери и давање на услуги на итна медицинска помош да биде изработена од машински инженери е е една голема небулоза

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

„Една ваква сериозна работа каде што треба да опфати набавка на хеликоптери и давање на услуги на итна медицинска помош и за потрага и спасување да биде изработена од апсолутно и тотално нестручни лица како што се машински инженери, притоа каде што не се дефинирани буквално ниту едни услови, без разлика дали е тоа за формирање на самата компанија, кој какви услуги ќе дава, кои се обврските на државата, кои се условите на приватниот партнер, како ќе оди наплатата и плаќањето, кој ќе оперира со воздухопловството и слично, е една голема небулоза и огромна непрофесионалност од страна на владата.

Притоа тука се наметнуваат неколку прашања, дали во целата оваа постапка при изработка на оваа студија и при водење на самата постапка се вклучени министерството за внатрешни работи, односно хеликоптерската единица во МВР, бидејќи во моментот согласно законот за внатрешни работи тие се надлежни и тие имаат единствено ингеренции да постапуваат во вакви случаи. Значи она што владата се обидува на овој криминален начин да го даде на приватна фирма во овој момент, хеликоптерската единица на МВР го прави бесплатно за сите граѓани во Република Македонија.

Од друга страна се наметнува прашањето дали останатите релевантни институции од кои што имаме сериозни индиции и сознанија дека е планирано да се врши наплаќање, тоа се М-НАВ, агенцијата за цивилно воздухопловство, агенцијата за државни патишта, но и приватниот концесионер на аеродромите  ТАВ, дали се воопшто прашани и дали дале свое мислење во однос на целата оваа постапка, зошто бидејќи од целото она што можевме да го разбереме е дека дел од наплатата ќе бил од патарините, а дури имаше шпекулација дека за таа цел ќе има зголемување за износот за патарини.

Понатаму, делото за прелетите кој што е директен приход на М-НАВ и согласно правилата на Еуроконтрол истите  не можат да се користат надвор од индустријата, а дотаму е небулозна ситуацијата што никако не може да се користи за приватни фирми и приватни цели.

Дали агенцијата за цивилно воздухопловство е консултирана за сето ова што се случува при М-НАВ, бидејќи еден дел од надоместокот е планирано да биде од патничкото карта на аеродромите каде што го вклучува интересот секако на концесионерот на аеродромите.

Толку е непрофесионално изработена, толку е без никакви детали што најверојатно е првата причина за сите останати пропусти кои што се случуваат во самата постапка. Нема повеќе да го коментирам и да се задржам во делот дека фирмата е основа само 24 дена пред објавување на јавниот повик, туку би се задржал повеќе на тоа дека не добивме одговори од влада дали документацијата била непотполна, бидејќи имаме сериозни сознанија дека неколку документи од документацијата на приватниот партнер која што била поднесена во самата постапка била непотполна и истите се доставувале по истекот на роковите во самата постапка, но и некои од документите се издадени многу покасно со подоцежни рокови од тоа што требало во претходната постапка за времетраењето да го исполни приватниот партнер.

Понатаму, се наметнува прашањето зошто во постапката каде што учествувале 9 лица најмалку 2ца одбиле да го потпишат извештајот од спроведената постапка истите доставуваат издвоени мислења бидејќи не се согласуваат со начинот како истата е водена. За да биде поголема небулозата е тоа што овие две издвоени мислења од членовите на комисијата  од различни државни институции се класифицирани за да не може јавноста да дојде до нив и да види всушност за што има забелешки членовите на комисијата, што да бидам искрен речиси после 15 години во администрација во минатото, првпат се соочувам да се класифицираат податоци односно документација при спроведување на набавка, односно концесија на јавно приватно партнерство, особено во овој дел кој што се однесува на водењето на постапката.

Следната работа можеби и најголемата манипулација и лага кон граѓаните е поврзана со финансискиот модел.

Од она што вчера имавме прилика да го слушнеме, приватниот партнер треба да вложи за периодот од 8 години 72 милиони евра, треба да набави два хеликоптери, треба да изгради 8 хелидроми, плус на тоа треба да плаќа секој месец по 10.000 евра месечно надоместок на услугата.

Од друга страна му даваме на располагање да го користи центарот за обука на пилоти, а никаде не објаснето и не е кажано зошто го правиме тоа и која е потребата на приватниот партнер да го користи центарот за обука на пилоти, а истовремено приватниот партнер ќе има право да врши наплата од осигурувањето на странските туристи и да врши наплата во однос на како што успеавме вчера да го разбереме Рашковски, моторџии, скијачи, падобранци и слично.

Навистина не можам да ја разберам економската логика, па и логиката на водење на една ваква постапка за јавно приватно партнерство со ова што досега го знаеме и е кажано, бидејќи финансиска логика нема никаква.

Ќе повторам уште еднаш, да вложите 72 милиони евра, да купите 2 хеликоптери, да изградите 8 хелиодроми, да плаќате 10.000 евра месечно а притоа да не можете да остварите никаков приход од тоа нема апсолутни никаква логика.

Од друга страна кога се склучува договор за јавно приватно партнерство, или кога се дава нешто на концесија интерес во тоа за да се пристапи кон такво нешто треба да имаат двете страни, односно во случајот и државата и приватниот партнер.

Доколку приватниот партнер треба сето ова да го инвестира и притоа да бара еден куп други начини за да оствари профит и да ја врати инвестицијата, каде што слушнавме дека на Драги Рашковски воопшто не му било грижа веројатно тоа е начинот на кој што се однесуваат со сите приватни инвеститори во државата, се наметнува прашањето зошто било потребно да се склучува и да се води постапка за јавно приватно партнерство? Зошто таа компанија не дошла во Република Македонија не го инвестирала тоа што планирала да го инвестира без притоа да склучува некаков договор со државата, бидејќи на крајот од денот единствената логика со која што можеме да ја најдеме е сама таа.

Би сакал да се задржам на кратко на еден друг дел, тоа е помалку или повеќе оперативниот дел. Со оглед на она што имавме прилика да го видиме за каков тип на хеликоптери станува збор, тоа би значело дека за да се оперира, односно да се лета со еден од тие воздухоплови потребно е посебно е најмалку посада од двајца пилоти. За да бидат тие на располагање како што кажуваат од владата 24/7, потребно е да има најмалку 8 посади, тоа се 8 стручни обучени пилоти кои ќе треба да изведуваат овој вид на операции во случај на search and rescue и на helicopter emergency service.

Од друга страна истиот овој персонал се наведува дека треба да биде преземен од армијата и полицијата . на кој начин ќе биде преземен? Дали тоа значи дека ние бесплатно ќе ги отстапиме нашите обучени пилоти кои што ги имаме во армијата и полицијата? На кој начин ќе се направи тоа?

Законот за работни односи, законот за полиција, законот за АРМ стриктно ги пропишува правилата на кој тоа може да се направи, односно не може да се направи. Тие луѓе ќе дадат отказ, ќе преминат да работат таму, нема да гои прават тоа, ќе бидат на повик? Значи многу несериозен, дилетантски и аматерски пристап во оваа постапка.

Ќе напоменам само уште една работа и тука ќе завршам. Во последните две години во Република Македонија, вкупно Сар и Хемс операции се изведени 20, 16 минатата година, и 4 во претходната година. Да влезе некој со инвестиција како што напоменав 72 милиони за 2 хеликоптера, 8 хелиодроми и се останато, за да годишно прави во просек по десетина вакви операции ќе оставам на граѓаните да ценат и да најдат ако може некој било кој, било каква економска логика во целата оваа небулозна прикаска која што се обидува владата на Зоран Заев, криминално рекетарската влада, најнеспособната влада да ни ја пласира.

Ова е уште еден класичен начин на владата во заминување да проба да испумпа  пари од државата.“

Треба да знаете
Последни објави