Search

Јанушев, Мисајловски и Муцунски остварија средба со Холтхоф Пфортнер, министер за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија 

Денеска Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, заедно со Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски остварија средба со министер за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија Стефан Холтхоф Пфортнер.

На средбата се дискутираше за актуелната политичка и економска состојба, како и евроатланските интеграции на Република Македонија.

Од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека Република Македонија се наоѓа во исклучително тешка состојба поради катастрофалното владеење од страна на актуелната влада на СДСМ и Зоран Заев, укажувајќи на големиот број на скандали и афери кои се случија изминатиот период, како и на лошата економска политика на власта.

Генералниот секретар Јанушев посочи дека потребно е спроведување на итни реформи кои што ќе бидат клучни за добивање на датум за почеток на преговори со Европската Унија, бидејќи стратешка цел и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е Република Македонија да биде полноправна членка на европското семејство.

Потпретседателот Мисајловски истакна дека Република Македонија мора да стане правна држава во која ќе има владеење на правото, додавајќи дека тоа е возможно само доколку институциите целосно ги расчистат криминалните афери и скандали во кои беа вклучени високи претставници на власта на СДСМ.

Соговорниците се согласија дека во интерес на Република Македонија, како и на граѓаните е продлабочување на заедничката економската и политичка соработка со Сојузна Република Германија.

Треба да знаете
Последни објави