Search

Јанушев: Македонија колабира, секое 5то семејство останува без еден вработен

Интегрален текст од прес конференција на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Република Македонија почнува полека да колабира во сите области.

Жалосно и загрижувачки што мораме повторно од оваа говорница, од која што за жал не сме во можност да спроведуваме владини мерки,  да апелираме и нудиме решенија за кои конечно треба да се свестат целата влада и да ги применат.

На компаниите и стопанството очајно му треба помош. На граѓаните како никогаш порано.

Владата освен што држи беспредметни и без суштина прес конференции, ништо реално не спроведува во стопанството како активни мерки за помош на компаниите.

Според последната анкета која можевме да ја видиме во медиумите, дури 20% од граѓаните добиле привремен отказ. Тоа се над 160.000 граѓани. Во просек секое 5то семејство во Република Македонија останува без еден вработен.

И покрај овие фрапантни податоци, владата повторно не презема ништо.

Над 80% од граѓаните очекуваат Владата да ги помогне компаниите и да им ги покрие загубите, на начин на кој истите компании не би делеле откази како во моментов. Но, за жал, бидејќи Владата е глува на барањата на стопанството, компаниите се принудени да делат откази.

Граѓаните имајќи во предвид за неспособноста на владата предводена од Заев и Спасовски, се загрижени од последиците од економската криза.

Почитувани,

Да ги оставиме суетите настрана. Да заборавиме кој предложил, кој помогнал и слично. Дајте, Ве молиме, донесете ги мерките кои ви ги понудивме и кажете доколку треба и дека се ваш предлог само за да си ги исполните суетите. Но, Ве молиме, не ги држете во заложништво компаниите и граѓаните.

Како држава многу доцниме со носење на економски антикризни мерки. Немаме повеќе време, имаме дупка во буџетот од над 2 милијарди која ја направивте.

Освестете се, тргнете ги суетите, и конечно направете нешто добро за граѓаните. Се ви е понудено како мерки, останува само да ги прифатите.

 

 

 

Прашање: Претседателот на СДСМ Зоран Заев имаше јавно излагање каде што потенцира дека влегуваме во завршна фаза во борбата со кризата со корона вирусот. Ќе може ли ваш коментар доколку го погледнавте тоа обраќање?

Одговор: Зоран Заев наместо да и се обраќа на јавноста со празни флоскули треба да каже што има сработено да ги спречи катастрофалните последици кои сите денес ги чувствуваме од корона вирусот.

Она што можеме да го видиме се задоцнетите реакции и слободно можам да кажам безобразниот пи-ар кои што нè доведоа до една галопирачка стапка на раст на бројот на заболени. Медицинскиот персонал е незаштитен, галорак се справува со пандемијата. Нема скафандери, нема визири, нема соодветни заштитни маски и ракавици односно опрема која што им е потребна во борба со вирусот.

Економијата е пред колапс, таканаречените мерки на владата буквално се никакви, едноставно речено се за потсмев. Над 33.000 работници од сектор на туризам и угостителство, односно вработените во хотелите, рестораните, кафаните, кафичите остануваат без помош од државата, а со тоа остануваат без плата. Како што веќе кажав над 20% или некаде околу 160.000 луѓе од Македонија остануваат без работни места, односно остануваат без основен основ за егзистенција.

Државата се соочува можеби со најтешки мигови од осамостојувањето до денес, а владата не само што е неспремна, таа е и нестручна или со еден збор таа е неспособна. Економската неписменост, надмена , со огромна суетата која не носи кон  должничка криза и беспарица. И мислам дека токму допрва за жал на сите во Република Македонија следуваат последиците од овој аматеризам и неспособност  на Заев и сите околу него

 

 

Треба да знаете
Последни објави