Search

Јанушев и преставници од ВМРО-ДПМНЕ се сретнаа со македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк„

Денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев заедно со Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ остварија средба со претставници на македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк„ од Битола кое беше претставувано од  претседателот, Шенол Мемиш.

На состанокот се разговараше за соработка меѓу македонската и турската заедница, односно од нивна  страна беше потенцирано дека кога се во прашање припадниците на турската заедница не е запазена соодветна застапеност без разлика на тоа дали станува збор за државна или општинска институција.

Од здружението се пожалија дека повеќе години децата не се во можност да го изучуваат турскиот јазик.

Припадниците на турската заедница побараа да се даде поголемо внимание на објекти кои се поврзани со нивната култура како што се „Јени Џамија“, „Заводо и музеј, Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк, како и објекти од времето на Отоманската империја-безистенот, дебојот, хамамот, битолската тврдина џепане и сл.

Во текот на средбата беше истакнато дека во моментов нема никаква соработка со збратимените градови од Република Македонија и Турција, и сметаат дека доколку истата постои ќе влијае и на тоа да се привлечат инвеститори.

Претставниците од ова здруженија се пожалија дека и населените места каде живеат Турци и Турци-Јуруци се соочуваат и со голем број на проблеми, како што се проблеми поврзани со водовод, канализација, амбуланта, нередовни субвенции во однос на земјоделците и сл.

Од страната на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ беа сослушани барањата и предлози  на македонското турско здружение, при што ВМРО-ДПМНЕ посочи дека по обновата на 12 Април  ќе се обиде на секој можен да се реализираат овие предлози и барања и да се подобрат условите на граѓаните од турската припадност.

Треба да знаете
Последни објави