Search

Јанушев: ДИК достави мислење каде што јасно пишува дека им се потребни од 35 до 50-тина дена за спроведување на избори

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев гостуваше во емисијата „Детектор“ каде што посочи дека ДИК има доставено мислење дека им се потребни минимум 35 до 50-тина дена за да се подготват за избори.

„Мислењето на ДИК не е е мислење на еден човек таму кој што можеби или можеби не инклинира или симпатизира одредена партија. Ова мислење не е мислење направено од еден човек, ова мислење врз основа на сите членови на ДИК кој што го имаа состанокот со претседателот Пендаровски. Впрочем и самово  мислење почнува вака – „Согласно заклучокот од нашиот заеднички состанок одржан на 13-ти мај 2020 година, а за потребите на организирање и спроведување..“ продолжува натака, а адресирано е до претседателот на државата, појасни Јанушев“.

Јанушев додаде дека сите од ДИК без разлика кој од која партија е предложен биле кај претседателот на државата, разговарале и заклучиле дека им се потребни 35 до 50-ти дена за да се подготват за избори.

„Ме радува што од СДСМ се вразумуваат и ги прифатија нашите барања дека со глава во ѕид, со уцени, со поставување на ултиматуми не се постигнува ништо и навистина ми е драго што ретерираат од првичните ставови бидејќи од првиот момент кога заврши лидерската средба она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го соопштивме на јавноста беше дека очекуваме дека сепак ќе се најде начин да се седне и консензуално да се договори датумот за кога ќе се оддржат изборите, потенцираше  Јанушев, во своето гостување.

Јанушев запрашан дали очекува Комисијата за заразни билесто  да даде појасен став  кога може да биде безбедно да се одржат изборите  рече:

„Јас очекувам Комисијата за заразни болести конечно да даде некој став во однос  на ова прашање и ова го велам ете затоа што еве може ќе ме обвините дека и премногу сакам политички да го кажам ова, но искрено не е така. Не е така затоа што од една страна Комисијата  не уверува на некој начин дека е добро да одиме на избори, од друга страна после првата лидерска средба препорача нова вонредна состојба.

 

 

Eве гледаме дека предлогот за 3-4 дена затварање за викендов е дојдено од страна на Комисијата. Од друга страна еве ќе кажам што Комисијата прати во она мислење до Пендаровски :Прво наведува дека ги гледаме добрите ефекти од силните рестрективни мерки. Јас  навистина не знам каде ги гледаат ефекти кога секојдневно имаме или некоја констатнта на бројот на заболени или благо зголемување. Понатау се вели дека се наоѓаме во последните недели од вообичаено траење на респираторните епидемии и еве ова го прифаќама најверојатно е така и кажуваат дека сме во фаза каде не работат школи и градинки. Тоа знчи дека пред нас е период  во кој треба да научиме да живееме со вирусот“.

Треба да знаете
Последни објави