Search

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинството на земјоделецот, гарантираме сигурна и висока откупна цена на оризот и оризовата арпа

Генералниот секретар и носител на листа на изборната единица 3, Игор Јанушев денеска е во посета на општина Чешиново Облешево, каде што оствари средба со оризопроизводителите

Јанушев на средбата истакна дека по победата на 15 јули и формирање на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе започне со враќање на достоинството на македонскиот земјоделец како и вистинско вреднување на трудот и маката на земјоделците.

Јанушев на средбата посочи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе гарантирана сигурен откуп на земјоделските производи, како и инвестирање во земјоделието од  640 милиони евра само за субвенции, 80 милиони евра за изградба на нови системи за наводнување, како и 50% финансирање за набавка на нови грла добиток.

Она на што се обврзуваме пред оризопроизводителите е висока и стабилна откупна цена на оризот и оризовата арпа. Субвенциите за сите земјоделци мора да бидат сигурен приход на кој тие ќе се потпрат со цел да можат да го мултиплицираат производството, вели Јанушев.

Треба да знаете
Последни објави