Јанушев потенцираше дека Владата сака да создава право со неправо, односно дека не може да се донесе Закон на неправилен, нелегитимен, незаконски и противуставен начин, а потоа да се бара тоа да се применува како право.

Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ исто така напомена дека обидот на Владата да престават во јавноста дека се за правна држава, се коси со сите чекори кои што ги превземаа во минатите две години, а истовремено и се обидуваат да ја дефокусираат јавноста дека прават реформи додека суштински реформи нема.

Јанушев демантираше дека доколку не добијат предвремени парламентарни избори, тогаш ќе ги бојкотираат претседателските.

-Бараме предвремени парламентарни избори и бараме веднаш да се распишат. Нашите идни чекори на делување ќе зависат од одговорите на власта, но во никој случај нема да ги бојкотираме претседателските избори. Без разлика, ако одиме на претседателски и парлементарни избори ќе ги добиеме двата, ако одиме само на претседателските, ќе ги добиеме претседателските избори, рече Јанушев.