Search

Јанкулоска во бегство или ?!

Откако вчера Врховниот суд ги потврди пресудите на Апелациониот суд и ги одби жалбите за осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска во случајот „Тенк“, денеска на Фејсбук се појавија одредени тврдења дека поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска е во бегство.

„Преземаме стандардни полициски оперативни мерки и активности, а се уште од судот немаме добиено никаква наредба за спроведување на Гордана Јанкулоска.
Кога ќе добиеме соодветна наредба од судот, ќе постапиме по истата.
За сите други информации надлежен е судот.“ се вели во кусото соопштение од МВР за Канал 5 ТВ.

Јанкуловска за овие тврдења за порталот А1он.мк дала изјава дека е дома и дека не е во бегство.

Единствен кој избега од оваа пресуда е поранешниот премиер Никола Груевски, кој е осуден на две години казна затвор, а доби азил во Унгарија и ја напушти државата пред да биде спроведен во притвор.

Поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски e осуден на шест години и шест месеци затвор и тој веќе е на издржување на казната.

Апелациониот суд Скопје откако делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“, ѝ ја намали казната затвор од шест на четири години.

Тројцата се осудени дека во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.

Возилото беше купено за 600 илјади евра.

Треба да знаете
Последни објави