Search

Јанис во друштво на Џабар, Милвоки поведе со 2-0 против Торонто во финалето на Истокот

Јанис Адетокумбо одигра фантастичен натпревар и истовремено доби значителна помош од соиграчите од клупата, а Милвоки веќе води со 2-0 против Торонто во финалето на Истокот, откако забележа убедлива победа со 125:103 во натпреварот бр.2.

Грчката суперѕвезда и останатите кошаркари на Мајк Баденхолзер беа речиси безгрешни против Репторс во вториот мечдома и целосно заслужено ќе се упатат за претстојните два натпревари во Канада со солидна предност.

Адетокумбо импресионираше со „дабл-дабл” од 30 поени и 17 скокови за 35 минути, но имаше и 5 асистенции, 2 блока и 1 украдена топка. Крилото постигна 9/16 за 2 поени, 1/4 од тројка и 9/12 линијата за слободни за да запише уште една импресивна изведба во фазата на елиминации оваа сезона. Грчкиот репрезентативец стана втор играч во историјата на клубот кој постигнал најмалку 25 поени, 15 скокови и 5 асистенции во еден меч во плејофот. Другиот е Карим Абдул-Џабар, кој го направил тоа 10 пати.

Каваи Ленард и Кајл Лори беа единствените кај Торонто со двоцифрен број поени. Ленард постигна 31 поен и зеде 8 скокови, а Лори додаде 15 поени, но пропушти девет шута од игра. Норман Пауел се истакна 14 поени како резерва.

Приказната е целосно на страната на Бакс, бидејќи Милвоки не изгубил серија по водство од 2-0. Тимот од Висконсин бил во слична позиција 13 пати, додека Торонто за возврат никогаш не направил пресврт во серија по заостанување од 0-2 во седумте свои обиди

Треба да знаете
Последни објави