Search

Јанева утре заминува од болница, се враќа во притвор

Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева утре се враќа во истражниот затвор во Шутка, потврди за ТВ24 нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска. Зсравствената состојба значително и се подобрила по четири дена поминати во приватната клиника „Филип Втори“, каде според адвокатите беше примена во прединфарктна состојба.

– „Најверојатно утре, не знам кое време ќе биде пуштена од болница. Така ме информираше нејзиното семејство. Сега е добро, здравствената состојба и е значително подобрена“- изјави Фрчкоска.

Дали Јанева ќе го продолжи престојот во затворската келија во Шутка зависи од Апелација и Кривичен. Неделава Апелација треба да одлучи  по барањето на Јанева да се брани од слобода со гаранција од три стана. А Кривичен треба да се изјасни по тоа на Русковска, која  со обвинителниот акт побара и продолжување на притворот за Јанева. Од Кривичен велат дека повеќе информации ќе имаат неделава.

– „Примен е обвинителниот акт за „Рекет“, распределен е на оценкам кога би имало седница ќе се знае неделава. Ќе се одлучува и за барањето за продолжување на притворот“- велат од Кривичен.

Адвокатката на Јанева, Фрчковска пак најави дека ќе приговараат на  обвинителниот акт на Русковска. Но и ако одлуките се негативни, пак ќе побараат Јанева наместо од „Шутка“ да се брани од домашен притвор.

Во обвинението на Русковска, Јанева е второобвинета за Рекет за злоупотреба на службената положба. Покрај мебелот кој и беше запленет при апсењето, вреден 5.000 евра, Јанева добила и 50.000 евра. за да го пушти осомничениот бизнисмен во „Империја“ Орце Камчев во домашен притвор, а потоа да му го врати и пасошот, Останатите двајца обвинети, Бојан Јовановски и Зоран Милески земале 1,5 милиони евра. Јанева и Јовановски се во притвор, а Кичеец ќе се брани од домашен притвор.

Со проширената истрага пак во „Рекет“ како осомничени влегоа покрај Бојан Јовановски, и неговиот татко Миле Јовановски, неговата лична асистентка, потоа Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународниот Сојузот, но и  Фросина Ременски, функционер од СДСМ, која е суспендирана од партиските функции. Според обвинителството, со измама успеале да извлечат речиси 1 милион евра од двајца бизнисмени, за проекти за домови за стари лица.

целиот линк погледнете го тука: https://www.24.mk/details/janeva-utre-zaminuva-od-bolnica-kje-se-vrakja-vo-pritvor

Треба да знаете
Последни објави