Search

Јанева си прави доверливи документи и од домашен притвор во Гевгелија

Поранешната шефица на Специјалното обвинителство Катица Јанева, која е осудена на седумгодишна казна затвор за „Рекет“ од домашен притор во Гевглија прави доверливи документи, пишува „Телма“.

Во денешниот извештај на ДЗР за платите и надоместоците кои се делени во СЈО, а според ревизорскиот извештај околу 4,6 милиони евра се исплатени како додатоци за тајност но без законска поткрепа, објавен е и одговорот кој Јанева како одговорно лице на веќе згаснатаото СЈО го доставила како забелешка.

Државниот завод за ревизија го објавил и дописот на Јанева испратен од Гевгелија во која таа тврди дека додатоците се делени легално согласно специјалниот закон за СЈО и членот 6 од законот. На врвот на своите забелешки поранешната специјална обвинителка ставила дека станува збор за класифицирана информација, односно пишала доверливо. Јанева во моментот на пишувањето на забелешките се наоѓа во домашен притвор во Гевгелија, каде е и сега по определената мерка за обезбедување.

Треба да знаете
Последни објави