Search

Јанева подготвува приговор за обвинението и очекува да биде пуштена од Шутка

Адвокатите на Катица Јанева очекуваат да биде пуштена во домашен притвор, по болничкото лекување на Јанева во приватната клиника „Жан Митрев“, во која и беше констатирана прединфарктна состојба. Одбраната на Јанева смета дека има доволно причини поради нејзината здравствена состојба мерката притвор да и биде заменета со поблага мерка.

Одбраната веќе трет ден подготвуваат приговор за обвинението на Вилма Рускоска за „Рекет“. Во понеделникот и официјално го примиле документот, а идниот понеделник ќе ги достават нивните забелешки до судот. Паралелно, одбраната поднесе жалба со која бараат Јанева да излезе од зад решетки.

Во барањето за замена на притворот со домашен притвор, Јанева понуди гаранција од три стана. Кривичниот суд сега треба да се произнесе за барањето на Јанева, откако Апелација го врати предметот во понискиот суд, со образложение дека Кривичен не смеел да го отфрли туку да ја оцени основаноста.

Јанева не даде исказ во Обвинителството за организиран криминал. Рускоска ù поднесе обвинение дека ја злоупотребила службената положба со олеснување на положбата на бизнисменот Орце Камчев, а за возврат добила 50 илјади евра и мебел вреден 5 илјади евра. Освен Јанева, во „Рекет“ обвинети се Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец зашто изнудиле 1,5 милиони евра од Камчев.

Треба да знаете
Последни објави