Search

Јанева: Одам со крената глава и секому можам да му погледам во очи

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева  како и нејзните адвокати во воведните зборови го негираа обвинението против неа.

-Не се чуствувам виновна и знам дека ОЈО нема никакви докази против мене. Горда сум на СЈО и на тоа што моите колеги со кои се гордеам, го направивме во изминативе години. За четири години направивме 171 предмет кои сите во различна фаза ги предадовме на Јавното обвинителство и очекувам тие да имаат завршница и ќе продолжат со борбата против криминалот. Одговорно тврдам дека постапував согласно закон и се што сум направила во СЈО ќе биде основа на изучување од следните генерации. Јас како СЈО во изминатите четири години се изложив лично, како и моето семејство на голем ризик. Се уште одам до крената глава и можам секому да му погледнам во очи оти оставив зад мене искусен кадар. Се надевам дека судот ќе донесе ослободителна пресуда во овој конструиран случај од Вилма Рискоска и дека судскиот совет нема да се исплаши од заканите на Рускоска дека ќе ве истресе од гаќи, рече Јанева.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчковска, кажа дека одбраната ќе докаже дека Јанева е невина и неосновано обвинета, злоупотребена со нечесни игри.

– Обвинителството нема ниту еден доказ. Ја товари Јанева дека наводно ги злоупотребила својата позиција и моќ, за што тврди дека го направила за остварување на лична корист. Ќе докажеме дека Јанева не ги пречекорила своите овластувања во ниту еден момент.Таа имала право да го стори сето тоа, согласно својата проценка доколку тоа придонесе за решавање на случајот. Ќе докажеме дека Јанева сето тоа го направила за побрзо затворање на случајот, а не за остварување на лична корис, изјави Фрчковска.

И.Ш.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави