Search

Јанева не понудила, ниту и нуделе спогодба за „Рекет“

Здравствената состојба на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева не е добра и таа денес од Истражниот затвор во Шутка ќе биде спроведена на лекарски испитувања и прегледи во клиниката „Жан Митрев“.

Нејзиниот адвокат Дељо Кадиев за МКД.МК вели дека Јанева ниту понудила, ниту пак ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и понудило спогодба за „Рекет“, како што вчера објавија медиумите.

-Мојата клиентка не е осомниченото лице на кое му понудиле или му била понудена спогодба. Јас сум изненаден од начинот на кој ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција зборува за тоа, односно како со леснотија се споделуваат вакви информации кои во текот на оваа постапка не смеат да се изнесуваат, а уште помалку што судот не смее да знае за вакво нешто. Моето прашање до Обвинителството е како споделуваат вакви информации за спогодби, а потоа даваат изјави со тврдење дека ниту еден документ не бил излезен од кај нив?”, вели адвокатот Кадиев.

 

Треба да знаете
Последни објави