Search

Јанева нема да дава исказ, ќе се брани со молчење

Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева нема да оди да дава исказ  во обвинителството. Ваквата одлука таа им ја соопштила на своите бранители кои денеска во истражниот затвор се сретнале со Јанева.

Адвокатката Ирена Фрчкоска рече дека во оваа фаза од постапката, Јанева одлучила да не ја дава својата одбрана за “Рекет” каде е осомничена за злоупотреба на службената положба.
Во меѓувреме во Апелациониот суд пристигнало мислењето од Вишото јавно обвинителство за жалбата по одлуката на кривичниот суд кој како неоснован го отфрли предлогот таа да ја напушти “Шутка” а дека нема да побегне гарантираше со три станови.
Од судот велат дека во следните денови ќе ја разгледаат жалбата и ќе одлучат дали за Јанева ќе се прифати одредување на поблага мерка на претпазливост.

 

Првоосомничениот во „РЕкет, Бојан Јовановски денеска требаше да даде исказ во ОЈО, но кога стигна во обвинителството му се слоши и со возило на брза помош беше однесен во болница.

Треба да знаете
Последни објави